ГРАЃАНИТЕ ГНЕВНИ: До кога ќе се ќути за неправдите во Кривогаштани?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние група на граѓани од Кривогаштани сакаме јавноста да знае што се случува кај нас и да поставиме прашања за кои немаме одговор. Ова што се случува кај нас е пример дека не функционира ниту општина, ниту судство ниту држава.

Градоначалникот на Општина Кривогаштани, Рубинчо Шефтероски, за неколку месеци купи две возила – џип Хундаи Туксон и Шевролет Каптива. Но, изворот од кои се стекнати возилата и другите луксузи во кои ужива истиот се сомнителни, поради предмет на истрага на обвинителството.

Иако има докази и е отворен предмет во обвинителството во Прилеп за бараното и земаното мито, како услов за вработување во општина, од страна на актуелниот Градоначалник, сепак Јавното обвинителство се‘ уште не постапува по овој предмет и истиот се чува во фиока.

Затоа, на Градоначалникот и на Јавниот обвинител, како граѓани на Општина Кривогаштани сакаме да им поставиме неколку важни прашања, кои ќе им ги објаснат на нас?

1. Дали на градоначалникот Шефероски и претседателот на СДММ Кривогаштани, не им беше срам, за вработување да бараат 1300 евра мито? Дали е точна информацијата дека дадените пари бea обележани и веднаш после овој случај итно беше побарана нeгова оставка од партиските функции, под притисок од народот и засегнатите?
2. Дали после земањето мито за вработувања од страна на градоначалникот Рубинчо Шефтероски, парите ги користи за лично богатење, партиски цели или нешто друго?
3. Како градоначалникот на Кривогаштани купи два луксузни автомобили за неколку месеци?
4. Дали тоа е предмет на истрага од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата?
5. Дали во предметот има повикано 30-тина сведоци, кои го потврдуваат ваквиот безобразен рекет од страна на Градоначалникот?
6. Зошто се’ уште молчи јавниот обвинител Дамчо Кочоски, иако истиот е оформен уште во месец април минатата година?
7. Дали за непостапување по предметот кај Обвинителот, причините се политички или ситни “лични” интереси – ветено вработување на неговата ќерка во градинката во Кривогаштани, или пак некој друг личен интерес?
8. Чии интереси спроведува во пракса овој јавен обвинител и кој штити во овој случај?
9. Дали после ваков скандал се’ уште треба да биде градоначалник на општината и дали се ова Европските принципи на владеење на актуелната власт?

Имаме многу прашања но нема одговори за нас жителите на Кривогаштани. Се додека вакви рекетари се олицетворение на власта и институциите, не треба да очекуваат наша поддршка на следните избори.
Се’ додека се штитат и застапуваат вакви криминалци, не барајте глас повеќе од нас.
Наместо проекти и подобар живот, добивме рекет и мито на секој чекор.
И уште еднаш, доколку не го расветлите овој случај, ќе бидат известени сите меѓународни фактори и нема да простиме барање мито и пари од нашите гладни деца и фамилии за вработување кое долго го ветувавте.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This