April 26, 2024, 10:15 am

Граѓаните немаат доверба во институциите: За cekcуално вознемиpyвање на социјалните мрежи девојките повеќе се доверуваат на семејството отколку на институциите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Семејството е најдоверливата и најсигурната адреса каде што анкетираните девојки ги пријавуваат сексуалните вознемирувања на социјалните мрежи, покажува истражувањето „Онлајн вознемирување на социјалните медиуми“, спроведено од Центарот за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово. Анкетата според нив имала за цел да открие колку овие возрасни девојки се жртви на сексуално вознемирување, што подразбираат под сексуално вознемирување и дали се подготвени да го пријават тоа.
–Поголем дел од нив (29.3%) претпочитуваат да му се обратат на семејството кога се вознемирувани од такви вознемирувачки пораки или содржини. На второ место е полицијата (25%). Голем број на девојки одговориле дека не знаат каде да се обратат (21.6%). Мал број одбрале (или би одбрале) да им се обратат на новинарите (0.9%) или на невладините организации (1.4%) за да пријават вознемирување. Кога станува збор за евентуално пријавување, 10% од девојките ја одбрале опцијата „друго“ каде што доминираат одговори од типот „на никого“, се наведува во истражувањето.
Во заклучокот од истражувањето од „Бубамара“ велат дека жртвите на сексуално вознемирување, воглавно се добро информирани дека овој феномен подразбира повреда на нивната слобода и мешање во нивниот живот и нивните избори. Според нив, овие дејствија имаат последици кои кај некои од жртвите се манифестираат во поголема мера.
–Последиците се главно психолошки и жртвата често е сама и претпочитува да не го сподели искуството со некој друг. Фактот што некои од сексуално малтретираните девојки на социјалните мрежи не сакаат да го споделат своето искуство ниту со својот партнер, велејќи дека голема е веројатноста да дојде до некакво недоразбирање, покажува дека момчињата и мажите се многу малку информирани за размерите на овој реален проблем. Игнорирањето подразбира одобрување и охрабрување за сторителот, насилникот и престапникот за тој да ја прошири својата мрежа на малтретирање и да го храни тоа чувство на надмоќност врз своите жртви. Повторната виктимизација на жртвата на сексуално вознемирување од околината додава уште една по нераскинлива алка во синџирот на сексуално вознемирување, како злосторство кое го олеснија и „релативизираа“ социјалните мрежи поради природата на нивните платформи, неможноста за целосна контрола и начелата на слободата на изразување, велат од „Бубамара“.
Центарот за истражувањето има контактирано 208 девојки на возраст од 18 до 25 години кои одговориле на анкетата по електронски пат. Од нив 150 девојки се од Тетово, 51 од Гостивар и од другите општини во регионот. 45,1 отсто се од рурални, а 54.8 отсто од урбани средини

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This