ГРАЃАНИТЕ НЕМААТ ЗА ЛЕБ: Заев го брка стандардот на Италија и Словенија, а Македонците живеат како во Африка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силната економија е потреба и крајна цел на борбата на секоја држава која сака да искреира поволен амбиент за животот на своите граѓани. Сепак желбите не секогаш стануваат реалност, посебно не оние на актуелните политичари на СДСМ. Пред да дојде на власт Зоран Заев и СДСМ се занесоа до бескрај, ветувајќи повисоки плати, пониски давачки, социјална еднаквост. Наместо тоа, ветувањата останаа само пуста желба, а реалноста е нешто сосема друго. Од она што помпезно беше најавувано како економски бум, нема буквално ништо. И додека граѓаните чекаат Заев да обуе железни опинци за да дојде платата од 500 евра, да почне повратот на ДДВ, тој сега ветува отпис на долговите за струја, што пак ги вознемири и изнервира оние кои редовно си ги плаќаат сметките за електрична енергија. Се на се, економијата незапирливо оди во амбис, а подебелиот крај секако ќе го извлече народот.

Од мерките кои Заев ги најавуваше како помало оптоварување на граѓаните, се реализираа само две, но за сметка на тоа се воведоа многу нови финансиски оптоварувања.

Владата на Заев ја укина радиодифузната такса во вредност од 190 денари по домаќниство и ја врати евтината тарифа на струјата преку ден.

За сметка на овие две олеснувања, граѓаните добија нови парични оптоварувања во вид на:

-прогресивен данок

-зголемен данокот на приход, од 10 на 15 отсто, а се однесува на доход од интелектуална сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, игри на среќа и осигурување.

-зголемени акцизи за дизелот, како еколошка такса во висина од 3 денари по лита

-јавниот долг надмина 50 отсто од БДП

-константно има задолжувања, а парите од нив не се користат за капитални инвестиции

-нема странски инвестиции

Сумирано гледано годинава имаме повисоки даноци земјоделците, договорците, вработените во ИТ индустријата. СДСМ спротивно на укажувањата на експертската јавност, бизнис секторот, стопанските комори, продолжи со имплементирање на погубните политики за прогресивен данок, на штета на граѓаните со цел остварување на своите лични интереси. СДСМ удири и по најсиромашните кои среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа. СДСМ сака да одземе дел и од малите довибки кои овие луѓе ги прават среќни.

Заев ја третира буџетската сметка како своја лична банкарска сметка која ја користи за спроведување на свои лични хирови и исплата на партиските војници. Парите од зголемените даноци на граѓаните ќе завршат во џебовите на новите заменици директори во јавните прептријатија назначени по партиски клуч кои ќе ја чинат државата неверојатни 2 милиони евра. Парите од зголемените даноци ќе одат за поголемите плати на вицепремиерите, додека голем дел од македонските граѓаните преживуваат во текот на еден месец. Се во функција на спроведување на зацртаната агенда на власта на СДСМ за сопствено богатење.

Ја деблокиравме земјата внатре и кон светот- сега арбајтинг, работа –порача премиерот Зоран Заев на вчерашната трибина „Силна економија – шанса за сите“, од Охрид.

Заев им кажа на охриѓани дека државната каса не е празна, дека е финасиски стабилна, дека дојде време парите да им се враќаат на оние кои ги создаваат – граѓаните.

Граѓаните, сите заедно, за себе заштедија 11,5 милиони евра само од мерката – евтина тарифа за електричната енергија. Дополнително, 20 милиони од зафатот на Владата со преземањето на трошокот за ТВ претплата.Казните се намалени за повеќеод 60 посто, државата ќе ги покрива социјалните пензии. Од 1 јули почнува враќањето на ДДВ, во висина од 15 проценти во фискалните сметки.Тоа ќе го потикне растот на потрошувачката, додека на граѓаните ќе им бидат враќани по околу 150 милиони евра годишно – се пофали Заев.

Околу формата, односно која алатка ќе се користи за тоа, Заев остави две опции – посебна картичка, или само мобилен телефон.

Премиерот обелодени дека во Агенцијата за вработување, активни баратели на работа се само 87 илјади лица. Но проблемот е што сите би сакале во државните служби, а таму нема повеќе да се примаат од природниот одлив, со заминувањето во пензија.

Ќе создадеме услови, приватниот сектор да биде поатрактивен за невработените. Отворена е спирала на раст на стопанската активност. Лани се реализирани 17 странски инвестиции, во вкупна вредност од 155 милиони евра, што значи 4.500 нови работни места. Во просек, минатата бгодина, платите се зголемени за 1.600 денари, наша примарна цел е просекот на Словенија и Италија, а натаму и оној на најразвиените европски земји – рече Заев, пред Охриѓани.

Заев обелодени и дека има прогрес во преговорите со ЕВН и ЕЛЕМ за бришење на долгови за струја настанати до 2006 година за 200.000 граѓани и семејства кои се заглавени во лавиринт со проблеми од извршители и блокирани сметки.

Намерата е да избришеме долг на граѓаните од 110 милиони евра. Тоа се огромни пари и ќе биде големо олеснување за граѓаните. Сите мерки коишто ги спроведуваме се во насокана било кој начин да вбризгаме пари кај граѓаните – порача премиерот Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This