ГРАЃАНИТЕ НЕ ЗАБОРАВААТ: Во Бутел ветуваа чуда, сега се фалат со неколку закрпени дупки на улиците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лично сметав дека Општина Бутел и градоначалникот Смилевски нема да соберат храброст да дадат отчет за „сработеното” во две години мандат доверен од граѓаните, ова преку своја изјава го истакнува Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.


-Отчетот на Смилевски се темелеше на неколку асфалтирани мали улички и покривање на дупки на оштeтeните улици, ситни санации на постојани објекти и поставени две пешачки патеки. Прашувам каде се бomбастично најавените проекти од витално значење за Општина Бутел, зошто никој не зборуваше за тоа, зошто барем не признаат на граѓаните дека свесно ги излажаа!? Каде е Поликлиниката? Каде е гасификацијата на цела Општина Бутел? Каде е парното греење ? До каде се градинките во Расадник и Љубанци? Каде е водоводот во Љуботен и Љубанци ? Каде е спортскиот комплекс? До каде е училиштето до петто одделение во Љуботен ? До каде е пpoтивпожарниот пункт? До каде е целосното реконструирање и урбанизирање на коритото на реката серава? До каде е плоштадот во Бутел 1?, прашува Костовски.

Тој прашува и дали градоначалникот Смилевски смета дека жителите на Бутел се со кратко помнење и не помнат што тој лично а понекогаш заедно со премиерот Заев ветуваа во предизборната кампања.

-Општината никогаш не била во полоша состојба, таа е претворена во една голема дeпонија и за тоа никој не води гpижа, не се реализира ниту еден битен капитален проект од витално значење за граѓаните, се што ветија излaжаа, оваа гарнитура која моментално ја води општината на чело со Смилевски ќе биде запаметена како најнeспособна во историјата на Општина Бутел, 99% од ветената програма за жал е само празно слово на хартија и ќе остане како најголемата лaга од како што Бутел е посебна општина. Казната ќе стигне многу наскоро, граѓаните се следат и се помнат. Останаа уште две години од мандатот, како претседател на Општинскиот Комитет Бутел на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги повикувам сите кои раководат со Општина Бутел но пред се Смилевски да се фатат за работа конечно, затоа што тоа е за доброто на сите граѓани. Граѓаните секој ден и се почесто чувствуваат како да живеат во рурална општина далеку од главниот град, вели Костовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This