ЗНААТ ДЕКА ИМ СНЕМУВА ВРЕМЕ: Пaнични измени во Законот за градба со цел купување гласови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пaника и очaј во редовите на Владата! Брзајќи да прeсечат барем една лента, Владата предлага измени во Законот за градба! Новите измени во Законот за градба предвидуваат промени во делот за издавање градежни одобренија за „линиски инфраструктурни објекти, стадиони и спортски сали со бруто развиена површина над 1500 м2…“ и во делот на гасификацијата.

Земајќи во предвид дека во Буџетот 2020 се предвидени огромни средства за стадиони и спортски сали, кои Владата во заминување нема ниту капацитет, ниту време да ги изгради, ја префрла работата на општините, кои пак во изминатиов период немаат реализирано скоро ни еден проект. Или во превод, согласно буџетот 2020, Владата зема заем за изградба на спортски објекти од Банката за развој на Советот Европа, кој ќе го исплаќаат граѓаните, а за сметка на тоа прашање е дали ќе ги видат стадионите и спортските објекти…

Истото се однесува и за водоводите, канализациите, патиштата, мостовите…Се земаат огромни заеми и кредити, се задолжуваат граѓаните, се кратат постапките, се‘ со цел да се надомести изгyбеното време и пред избори да се купат гласови.

Гасификацијата е во застој веќе 3 години, но со измените во Законот, премиерот изгледа си мисли дека работата ќе тргне по нагорна линија.

Очигледно е дека не можејќи да се реализира енормно големиот буџет, на брза лента се префрлаат задачи на општините, за СДСМ да покаже пред избори дека нешто гради.

Тоа значи дека предизборниот популизам го окупираше Законот за градба и наместо до сега да видевме нешто конкретно, од кое ќе имаа бенефит граѓаните, секојдневно гледаме празни форми за оправдување на подарената власт!

ПАНИЧНИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ГРАДБА ЗА КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИПаника и очај во редовите на Владата! Брзајќи да пресечат…

Posted by Комисија за локална самоуправа on Tuesday, November 12, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This