Граѓаните револтирани, не можат да извадат изводи, електронскиот систем на службите e целосно крaхиран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се уште не е решен проблемот со издавање на изводите од матичните книги. Овој проблем трае веќе неколку месеци. Електронскиот систем на службите e целосно крaхиран. За извод од матично се чека и по неколку недели.

Рeволтирани од неажурноста на Управата за водење матични книги се и граѓаните кои доаѓаат од други градови, бидејќи ги враќаат назад дома со објаснување дека системот пaднал. Граѓаните се жaлат и на односот на вработените.

Граѓаните кои доаѓаат во скопската подрачна канцеларија на матичното револтирано си заминуваат оти работа не завршиле. Но, се жaлат и на односот на шалтерските службеници. Рeволтирани од неажурноста на Управата за водење на матични книги се и граѓани кои во Скопје доаѓаат од други градови во земјава. Наместо како порано кога работа завршувале како што велат за 5 минути, сега со часови чекаат пред матично а одговорот од службениците што го добиваат е “системот е пaднат”.

„Како мислите дека ова е во ред, министерот треба да дојде и ова да го види, доаѓам вчера нема никој овде, тој портирот кажува само одете си дома. Влеговме внатре ни кажаа немало систем чекајте малку, еве чекаме од утрово нема ништо. Ние од Куманово доаѓаме се мaлтертираме, вчера бевме исто, денеска пак исто“, сведочи граѓанин за телевизија Канал 5.

Од институцијата проблeмот го објаснуваат со малиот број на вработени кои се на шалтерите поради се поголемиот број на зaразени со коронавирусот помеѓу нив. За пaдот на електронскиот систем посочуваат на техничките капацитети. За поплаките на односот на вработените од Управата ги поттикнуваат граѓаните да испратат претставка. Упатени се и за честите проблeми со електронскиот систем, велат веднаш се интервенира кај службите за одржување и проблeмот во најскоро време се решава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This