Груби дели пакетчиња на деца со посебни потреби во Гостивар и Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денес се сретна со претставниците на здружението за лица со посебни потреби „Заедно можеме“ од Гостивар и со претставниците на Центарот за аутизам  „Летај за живот“ во Тетово.

За време на оваа средба г. Груби со претставниците на овие здруженија разговараа и за реализираните активности и начинот на функционирање во овој тежок период, кој ја зафати не само нашата земја, туку и светот.

Првиот вицепремиер Груби им подари пакети на децата со посебни потреби по повод новогодишните празници.

„Одговорност на сите нас е да бидеме со родителите на децата со посебни потреби и ги уверив дека Владата на Република Северна Македонија ќе има отворена врата за сите нивни потреби и ние сме тука да им служиме на дневна основа. Имавме тешка година, сите заедно како општество, но особено родителите на деца со посебни потреби и се надевам дека следната година со надминување на пандемијата ќе се фокусираме на олеснување на секојдневниот живот на овие деца “, рече Груби.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби рече дека заложбите на здруженијата за правата на лицата со посебни потреби, особено децата од оваа категорија овозможуваат создавање на општество во кое овие деца се рамноправни граѓани и интегрирани во нашето општество.

Груби исто така рече дека тој и неговиот тим ќе настојуваат да бидат силен глас и коректор на мерките за оваа категорија на деца и дека ќе ја поддржи секоја иницијатива за подобрување на состојбата на децата со посебни потреби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This