Груби домаќин на Ерион Велијај, градоначалникот на Тирана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.
Од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците соопштија дека на средбата на која присуствувал и претседателот на ДУИ Али Ахмети, била истакната работата и посветеност на Велиај, а го информирале и за работите и проектите што веќе се во тек во различни населени места во земјата, со посебен акцент на градот Скопје.
На средбата било дискутирано и за работите што се очекува да започнат наскоро за изградбата на булеварот „Хасан Приштина“, како една важна артерија која ќе биде поврзувачки мост на градот Скопје со Коридорот 8 и патот што води кон Република Косово.
Соговорниците, ја потврдиле одличната соработка што ја имаат двата главни градови и начините за понатамошно продлабочување на оваа билатерална соработка

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This