ГРУБИ СЕ ПОФАЛИ: „Создадовме 25 илјади вработувања за Албанците во администрацијата“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

25 илјади вработени административци – е зборот кој Артан Груби вчера во емисијата Клик Плус го повтори неколку пати како достигнување на ДУИ.

ТВ21: Дали политичките партии сакаат да станат Агенција за вработување или Завод за вработување? Вие велите дека вработувате луѓе!

ГРУБИ: Ние сме создале работни места, 25 илјади работни места за Албанците.

ТВ21: Вие ги вработувате Албанците? Ако јас сакам да се вработам, треба да се јавам кај Артан Груби и да кажам најди ми работа?!

ГРУБИ: Никогаш. Јас велам дека ние сме ги создале тие работни места.

Груби неколку пати ги спомна и внатрепартиските реформи, и праша зошто тоа не го направиле и другите партии.

-Тоа го направи ДПА, на Мендух Тачи, Беса на Биљал Касами но и таа на Африм Гаши, која од нив го направила тоа? Се обидоа еден локален совет да направаат фракциите на ДПА во Врапчиште и се разделија сите. Без да бидат еден ден на власт ги скараа Албанците и ги разделија. Имаше обиди да се соединат три политички партии и се скараа пред очите на Албанците-рече Груби.

Груби уште еднаш изјави дека на овие избори ДУИ ќе излезе сама. Што се однесува до предизборните коалиции, тој рече дека ќе се обидат да добијат доволно мандати со цел тие да одлучат со која партија ќе формираат Влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This