April 28, 2024, 10:24 am

ГРУЕВСКИ БИЛ У ЦЕНУВАН ОД ВИЦЕТО: Ќе добиел одложување на казната ако ги убедел пратениците од неговата партија да гласаат за уставните амандмани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според пишувањата на унгарскиот весник „Маѓар идок“, во барањето за азил кое Груевски го поднел, напишал дека добил понуда од блиски луѓе на премиерот Заев, но тој ја одбил.
Весникот посочува детали од опсежното барање на поранешниот премиер за доделување статус на политички азилант.

Кога се обидел да ја одложи казната, братот на премиерот Заев и главниот обвинител му рекле дека неговото барање ќе биде прифатено ако ги убеди пратениците од неговата партија да гласаат за уставните амандмани. – пишува весникот, цитирајќи делови од барањето за азил на Груевски.

Груевски во барањето додал дека животот му е во опасност и е жртва на политички прогон.

Тој се повикувал и на аболицијата на Иванов, писмото од Комисијата за дискриминација, но и тоа дека СЈО работело под притисок.

Во решението за азил, унгарските власти потврдиле дека тој не смее да се врати во Србија и Црна Гора, затоа што македонските власти имале добри односи со овие две земји и ќе го испорачале назад.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This