ГРУЕВСКИ: Голем успех за Македонија, влеговме во топ 10 држави во светот за водење на бизнис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десетто место во светот на Македонија, кое што го објави пред малку Светска Банка преку Дуинг Бизнис е одлична вест за Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој во моментов е во политичка посета на Велика Британија.

gruevski1

-Според не било кој, туку според Светска Банка Македонија е 10-та во делот на најдобра бизнис клима при тоа мерејќи ги сите земји во светот. Македонија е на 5-то место во Европа. Четири земји кои што се пред нас во Европа се Велика Британија, Шведска, Норвешка и Данска. Нависитна малку работи можат да се најдат каде што сме во првите 10 во светот а ова е една од поважните работи затоа што оваа работа е предуслов за отворање на нови работни места а со тоа и зголемување на стандардот на населението, вели Груевски.

Додава дека е многу радосен бидејќи тоа е резултат на нивната голема работа и труд во изминатите месеци и години.

-Да потсетам, тргнавме од 94-то место во 2006 година кога бевме на една прилично лоша позиција, секоја година напредувавме со нови мерки и со нови работи и реформи кои што направиа и кои што им го олеснуваат работењето и животот на компаниите во Македонија. Ние не ги делиме дали се домашни или се странски и за сите се трудиме да создадеме што е можно подобри услови и тоа дава резултат секоја година. Секоја година растеме на листата, оваа година дојдовме на 10-то а лани бевме на 12-то, рече Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This