ГРУЕВСКИ: Заев не кажа дека зголемувањето на даноците ќе ги натера фирмите и вработените да размислуваат за избегнување на плаќањето данок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред некој ден, во обид да го оправда зголемувањето на персоналниот данок на доход Зоран Заев кажа дека не можело некој да плаќа ист данок на 10 илјади денари и на 10 илјади евра плата (приближно 610.000 денари). Ова во смисла дека со рамниот данок и оние со плата од 10 илјади денари и оние со плата од 10 илјади евра плаќаат исто данок и затоа не чинел рамниот данок. И навистина, ако човек површно ја прими информацијата и не се продлабочи, ќе му звучи логично и правично, пишува поранешниот премиер Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

Неговиот статус го пренесуваме во целост

Но, во реалноста тоа не е така со рамниот данок. Тој со 10.000 денари нето плата грубо пресметано плаќа 1000 денари персонален данок на доход. И Тоа е 10% персонален данок на доход.

Тој кој зема 10.000 евра плата, или во денари околу 610.000 денари, плаќа околу 61.000 денари персонален данок на доход што повторно е 10%, но на 610.000 денари нето земена плата. Дали 1.000 денари и 61.000 денари платен данок во еден месец се исто? За Заев е исто, очигледно. Но, во реалноста не е исто.

Но, она што Заев не го кажа е дека зголемувањето на даноците, ќе ги натера фирмите и вработените да размислуваат на избегнување на плаќањето данок. Фирмите ќе ги направи “креативни“ во тој правец и подготвени за поголеми ризици при даночната евазија. Затоа што наместо од по новиот закон, тој кој плаќал 61.000 денари персонален данок (данок од платата), во иднина ќе треба да плати околу 110 илјади, или 49.000 повеќе и за толку ќе му се намали платата. Многумина тоа ќе го сфатат како не фер, и ризикувајќи ќе најдат начин, официјалната плата наместо 10.000 евра, да им биде официјално на пример 500 евра и на таа плата, да платат данок околу 3000 денари, а остатокот да го извадат за себе, без воопшто да платат данок во Буџетот.

Така, наместо во буџетот на Заев и Тевдовски да влезат плус 49 илјади денари, ќе влезат минус 58,000 денари. Можеби не веднаш, но постепено, луѓето ќе си бараат излез од новонастаната ситуација мотивирани за поголеми ризици.

Покрај тоа, многу компании каде се плаќаат повисоки плати, како на пример во информатичката индустрија, или ќе станат помалку конкурентни, и потешко ќе го продаваат својот поскап проивод, или ќе ја затворат фирмата во Македонија, и ќе отворат било каде во светот каде данокот е понизок и таму ќе вработат информатичари за помлаку пари кој тука ќе треба да и ги плаќаат на државата. Друга опција е да им ги намалат платите на нашите информатичари за толку колку им е зголемен данокот. И во двата случаи многу од нашите информатичари во таква ситуација, во недостаток на понуда за работа, или намалени плати, ќе најдат работа во друга држава. И ќе си заминат. Така, не само што нема да расте бројот на вработени, туку ќе расте невработеноста и одливот на кадри.

Гледате колку плитка и површна е оваа демагошка реченица која треба да ги убеди посиромашните граѓани во обидите да се оправда новата даночна политика, спротивна на рамниот данок.

Или пак онаа теза на Тевдовски, а во поткрепа на Заев, дека и во Америка, и повеќе земји во Европа немало рамен данок, туку прогресивен.

Данска не ја спомна овој пат.

Но, не кажа дека во Америка, Англија, Германија и други земји, нема 22% стапка на невработеност. Тоа не го кажа. Не кажа дека 22% од работоспособното население очајно бара работа и ти како власт треба да создадеш услови со кои ќе ја направиш земјата конкурентна, во секој поглед, вклучително ценовно конкурентна во однос на работната сила каде удел имаат и даноците, со цел да привлечеш некој инвеститор кој ќе отвори нови 500 или 1000 вработувања. Да не отиде тој инвеститор и изгради фабрика во Србија, Романија, Молдавија, Бугарија, Словачка или Полска… туку да ја изгради во Македонија.

Со своите политики владата не треба да гледа да ја наполни буџетската каса за да има повеќе за трошење, примарна цел треба да е да помогне тие 22% невработени да се вработат. И тоа да е приоритет број еден, како што беше цели 11 години претходно.

Кога тоа прашање ќе се надмине и невработеноста ќе се сведе на 5-6%, ќе започне и сериозен притисок за раст на платите на вработените во приватниот сектор и платите на веќе вработените ќе почнат реално да растат.

Затоа што: најдобрата социјална политика, е политиката на отворање на нови работни места.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This