Груевски изгради, Заев и Груби свечено ќе отвораат – Новата зграда за поранешен рамковен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес со почеток во 12:00 часот, ќе се изврши отворањето на објектот на министерството за политички систем и односи меѓу заедниците попознато како поранешен Секретаријат за спроведување на рамкоовен договор.

По свеченото отворање, медиумите ќе присуствуваат на пресконференцијата што ќе се одржи во медија центарот на министерството за политички систем.

Адреса на објектот на министерството за политички систем:
ул. Филип Втори Македонски број 11 (објектот пред влезот од подземната гаража на Македонскиот Народен Театар).

Инаку зградата е дел од проектот „Скопје 2014“ со кој се решија просторните услови за најголемиот дел од институциите и се остварија огромни заштеди од кирии и режиски трошоци кои институциите ги имаа пред проектот.

Токму во дел од објектот во кој сега се сели Министерството за политички систем и другите интституции, требаше да биде сместена и Државната комисија за спречување на корупција.

Но, тој план, не се реализираше поради поради „пренамена на средства за ковид-19 кризата“, па затоа Антикорупциска беше принудена да се задоволи со актуелните простории иако на институцијата и требаа поголеми простории за да може да го инсталира серверскиот систем со кој, на пример, експресно ќе се проверува имотната состојба на функционерите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This