Груевски: Не можат да ми го простат успехот, но и својот неуспех

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очекувано уште пред 7-8 дена судот прифати да се расправа за обвинението на обвинителство креирано по наредба на криминалецот Заев минатат година, наредба која уште во септември минатата година Заев ја сподели со повеќе негови соработници. По наредба на контролорите од власта на судот и обвинителството за објавата се чекаше кога да се објави, за што одлучуваат одговорните за односи за јавноста во СДСМ/Владата.

Без ниту еден матерјален доказ, кој и неможе да го има бидејќи не сум направил никакви купопродажби, и само со приказни од типот “рекла-казала” на неколку најблаго кажано уценети лица од власта со најбрутални методи.

Тоа е она кога не те бива нешто сериозно да создадеш, изградиш, реформираш, унапредиш, да исполниш ветувања кон народот итн, па удираш по тој кој го направил тоа што неможеш ти, верувајки дека така ќе ја намалиш неговата а ќе ја зголемиш својата вредност во перцепцијата на народот, и се со цел да се одржиш подолго во криминалното работње и рекетот од позиција на власт.

И на ова беснење, колку и да трае долго, ќе му дојде крајот, но и почетокот на демонтирање и вадење пред правдата, на оваа криминална банда, предводена од човек кој функционира по мафијашки принципи, слично како што функционирал кога го зголемувал својот капитал преку лихварство во струмичкиот регион за чии само параван била регистрирана штедилница, и како што функционирал при делење на стотици тендери на општина Струмица на членовите на неговото потесно и пошироко семејство и локални партиски челници, за кое пред 7 години ни објаснуваше дека регуларно си ги добиле тендерите, пишува на Фејсбук екс премиерот Никола Груевски по закажаното рочиште за случајот „Плацевите на Водно“ на 16 јули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This