Груевски се пpocти со Амди Бајрам преку социјалните мрежи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи се збогува со Амди Бајрам, човек со кој, како што вели самиот Груевски, поминувал безброј состаноци до доцна во ноќта во кои Бајрам се обидувал да ги подобри правата на Ромите.

In memoriam

Замина Амбд Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен…

Posted by Nikola Gruevski on Saturday, October 24, 2020

„In memoriam
Замина Амбд Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична коалициска соработка.
Искрено и неуморно се бореше за Ромите. Јас сум сведок за тоа. Многу средби, часови и часови за тоа како да им се помогне на Ромите во Македонија. Вработувања за Ромите, водоводи и канализациски мрежи, училишта и образование, улици, спортски сали, спортски игралишта…неуморно работеше да помогнеме на сите но често и директно на конкретни поединци кои се нашле во мака. Беше човек кој неуморно помагаше на многу луѓе во тешки времиња на поплави, пожари, сиромаштија….
Моменти од нашите разговори во владата, во партијата, на кардиологија кога лежеше таму, од улиците низ општината Шуто Оризари, кај него дома кога имаше смртен случај во семејството, моменти од дошепнувањата но и настапите на митинзите низ цела Македонија, од парламентот, коалициските средби, од погребот на Есма, од џамијата која ја беше изградил, од легендарните свадби и ромските балови, одбележувањата на градбите на многу објекти и на многу други настани, секогаш ќе ми останат во сеќавањата.
Почивај во мир Амди.“

Груевски сподели и видео од еден од Ромските балови кои ги организираше Амди Бајрам, а гостуваше тогашниот премиер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This