Груевски со честитка за Велики четврток, ден во спомен на последната Исусова вечера

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер на Репубблика Македонија, Никола Груевски,преку социјалните мрежи упати честитка по повод Велики Четврток, денот на последната Исусова вечера, на тајната вечера.

„Велики Четврток!
Ден во спомен на последната Исусова вечера-ТАЈНАТА ВЕЧЕРА со дванаесетте апостоли. Најважната вечера на Исус Христос.
Христос им ги измил нозете и им покажал пример на смирение и понизност, како и пример на љубов и жртва преку служење еден на друг. Да се натпреваруваат кој кому да му служи, а не кој да биде поголем и кој да владее со другите. Не го издвоил ни Јуда – и нему му ги измил нозете и тоа најпрво нему.
Ден на предавството!
Господ Исус Христос го знаел предавникот и на Вечерата го навестил: „И кога седеа и јадеа, Исус им рече: ,Вистина, ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме предаде.‘ Тие се разжалостија и почнаа еден по друг да велат: ,Да не сум јас?‘ А Он им одговори и рече: ,Еден од дванаесетте е, што мака со Мене во чинијата….
…Апостол и евангелист Јован бил најблиску до Господа Исуса Христа на Тајната вечера, па дури и главата си ја навалил на Него и затоа тој можел да ги чуе сите Христови зборови. Тој, како што забележал во Своето евангелие, откако се навалил на градите Исусови и му рекол: „Кој е Господи“, Исус одговорил: „ ,Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и подадам.‘ И кога натопи залак му го подаде на Јуда Симонов Искариот“ (Јован 13,25-26). На Јуда и во тие последни моменти му се дала можност да се откаже од својата предавничка намера и да се покае, но тој тоа не го направил…
…Изборот на Јуда за апостол претставува возвишено покажување на љубовта Божја кон човекот и кон грeшникот, како што и натопувањето на залакот и давањето од рацете Христови во устата на Јуда претставува најсовршено искажување на љубовта и грижата Божја за спасување на грешникот до последниот момент.
…Апостол Петар горделиво се поставил над другите апостоли и рекол дека тој нема да се одрече од Христа, дури и сите кога би се одрекле. Но, токму тој ќе го стори тоа, му рекол Христос и тоа уште ноќта и тоа е запишано во сите четири евангелија. Така и се случило. Петар се одрекол од Господа три пати и го обзела силна тага, срам и страв, па горко плачел. И најсилниот апостол ја покажал слабоста на човечката природа и се видело дека смртта е страшна за сите. Петар, пак, научил дека треба да им се простува на луѓето заради нивните слабости и немоќи, и да биде милостив кон грешниците, како што бил милостив Бог кон него…
Господ Исус Христос и апостолите решиле ноќта да ја минат под отворено небо на Маслиновата Гора. Христос отишол во Елеонската Гора каде што, уште ноќта, еврејските старешини и првосвештеници организирале да биде фатен без присуство на народ, во часовите на длабоката ноќ.
Од односот на Исус Христос кон Јуда, се верува дека и најголемите грешници ако денес се причестат и покајат ќе им бидат простени гревовите, пишшува Груевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This