Група од Косово која престојувала во Струга ги поставила знамињата на „Самуиловата тврдина“ во Охрид и тука снимала видео материјал кој понатаму треба да се монтира и пласира во јавност.
Групата се снимала и фотографирала и за тие потреби ја „декорирала“ тврдината со повеќе албански знамиња на помали јарболи кои ги држеле во раце и едно огромнокое се гледа дури од центарот на Охрид.
И понатаму не јасно е за каква намена се снимал видео материјалот на Самуиловата тврдина во Охрид и зошто потребата од снимањето на ова видео наложила тврдината да се декорира албански знамиња.
Од СВР Охрид се уште не излегле со официјална информација.
Поврзано
- Advertisement -