ГРЦИТЕ КОВAAT ПЛАН ПОВТОРНО ДА НЕ БЛОКИPAAТ ВО НАТО: Грчки експерт, тврди дека е технички е можно екстpeмно сценарио за блокиpaње на Скопје во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот експерт Константинос Филис во изјава за грчката телевизија „Скаи“ денеска вели дека Грција може технички дури и во овој момент да го блокира членството на Македонија во НАТО по последните изјави на премиерот Зоран Заев.

Во однос на пристапувањето на НАТО, сите 29 земји-членки мора да го ратификуваат протоколот за пристапување, а Грција беше прва меѓу нив. Целта на НАТО е да ги заврши националните процеси што е можно побрзо, и секако пред предвремените избори во С Македонија на 12 април. Уште три земји треба да го ратификуваат протоколот, а според најавите на македонските политичари, последна ќе биде Шпанија во текот на јануари или февруари следната година.

Етнологот Константинос Филис, извршен директор на Институтот за меѓународни односи, објасни дека во екстремно сценарио во кое С Македонија би престанала да го спроведува Договорот од Преспа, Грција технички би го „блокирала“ патот кон НАТО, но „нема политичка волја да го стори тоа “додека спротивен е случајот кога станува збор за интеграцијата во ЕУ.

Премиерот Зоран Заев, ка разбранува грчката јавност откако изјави дека одложувањето на почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со С Македонија го става во опасност Договорот од Преспа. „Поточно, ова значи дека делови за внатрешна употреба на новото име С Македонија ќе бидат блокирани и нема да бидат применливи“, рече Заев во интервју за „Еуроњус“ на грчки јазик.

Заев објаснува дека одредени членови од договорот, потпишани од Македонија и Грција на 17 јуни 2018 година, се тесно поврзани со напредокот на С Македонија кон членството во ЕУ. „Некои членови ќе бидат замрзнати бидејќи не можат да се спроведат. Ние ќе се обидеме да ги спроведеме, но и двете работи се поврзани“, рече Заев.

Филис вели дека неодамнешните изјави на Заев за делумно замрзнување на Договорот од Преспа за внатрешпна употреба и не се толку проблематични сами по себе.

„Ако, сепак, одиме во екстремно сценарио каде соседната земја оди од вербално на практично поле и го доведе во прашање целосното спроведување на Договорот од Преспа, што сè уште не се случило, грчката страна сигурно има право на вето затоа што зборуваме за меѓувладина организација како што е НАТО “.

Коментирајќи за уште поекстремно сценарио, во кое Грција би се обидела да го блокира приемот на С Македонија во НАТО, Филис истакна дека ова е технички можно, но ќе има две негативни последици:

„Прво, веќе го ратификувавме протоколот, ќе се одречеме сами од себе. Второ, дури и ако кажеме дека соседната земја не се придржуваше до договореното, ќе биде тешко да се расправа за толку екстремна ситуација“, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This