ГРЦИТЕ СЕ ЧУДАТ НА БАРАЊЕТО НА МПЦ ДО БПЦ: Признавањето на МПЦ на БПЦ за мајка-црква ќе предизвика реакции и во грчкото општество!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светиот синод на Бугарската патријаршија, и покрај апелите и остварените контакти со претставници на МПЦ, се плаши да го направи првиот чекор, пишува популарниот грчки црковен сајт ромфеа.гр во текст под наслов „Шизматската Македонска црква е подготвена да ја признае Бугарската патријаршија како своја Мајка-црква”.


<Црковниот сајт пишува за барањето на МПЦ-ОА за евхаристиско единство со БПЦ со укажување дека тоа ќе предизвика реакции во грчкото општество и во грчката црква.

„Во писмото се говори за воспоставување евхаристиска заедница, но и за историска можност Бугарската патријаршија да биде црква-мајка на т.н. македонска црква. Неодамна имаше официјални и неофицијални контакти меѓу претставници на БПЦ и на шизматската црква“, пишува ромфеа.гр.

И поранешниот претседател на Бугарската академија на науките, академик Стефан Воденичаров, го повика бугарскиот патријарх Неофит „да го преземе местото на духовен татко и да разбере дека е правилно да го поддржи народот во Македонија“, потсетува сајтот. Сепак, како што се наведува во текстот, на крај треба да се одбележи и дека бугарскиот патријарх неколку пати официјално ги примаше „шизматиците“, а БПЦ слободно ги користи термините „Македонија и „Македонска црква“.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This