Грција сака да ги цензypиpa македонските пopтали: Бapa да ја кopистат придавката Северна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите во Грција бараат новото име да го користат сите институции, како и интернет сајтовите.

Ова го истакна денеска грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на прес-конференцијата со македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи во Атина. Дендиас кажа дека по влегувањето во сила на Договорот од Преспа има завршено доста работа во промената на името, но потребен е натамошен напредок. Тој го наведе и отстранувањето на програмата за антиквизација и на ѕвездата од Вергина, како и преименување на патиштата и други инфраструктурни објекти.

„Она што е кристално јасно во Преспанскиот договор е јасноста за она што се случило во античкиот период, а едно е јасно – со сета почит, вашите сонародници, а вие тоа го прифативте, не биле дел од кампањите на Александар“, рече Дендиас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This