Грција ќе ги враќа мигрантите во матичните земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнова вест за мигрантската криза ни пристига од соседна Грција. Во целиов период и сите премрежија државата смогна сили да ги враќа мигрантите од Грчките острови, дел од нив доброволно.

Оние кои до 31 декември 2019 година пристигнале и престојуваат на грчките острови Лерос, Самос, Лезбос, Кос и Хиос од понеделникот можат да се пријават за доброволно враќање во нивната земја на потекло и да добијат финансика помош од 2.000 евра.

Новата програма за доброволно враќање на 5.000 баратели на азил во нивните земји е финансиски поддржана од Европска Унија, а процесот на пријавување започна во понеделникот и ќе трае 30 дена, со можност да се продолжи за уште еден месец, доколку нема доволен број пријавени.

Осмислената финансиска помош од 2.000 евра, како што соопшти Министерството за миграција и азил на Грција, не важи за оние кои се од безбедни трети земји како што се Гана, Сенегал, Того, Гамбија, Мароко, Алжир, Тунис, Албанија, Грузија, Украина, Индија и Ерменија.

Сегашниот министер за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис рече дека целта е да се намали бројот на бегалци и мигранти на островите.

Оваа програма односно специјалниот механизам беше договорен кон средината на март на средбата на Митаракис со европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This