И утре пеколни горештини, температурата ќе се искачи до 40 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Темепратурата на воздухот утре и задутре според најавите на метеоролозите ќе се искачи до 40-тиот степен, а УВ индексот ќе изнесува 9.

Од УХМР најавуваат дека сончево и многу топло време ќе преовладува до недела кога ќе настапи повторно стабилизирање на времето и пад на температурите.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 30 до 40 степени. Утринската од 14 до 24 степени.

И задутре времето ќе биде сончево и топло, со утрински температури од 14до24 и максимална од 34 до 40 степени.

Во сабота претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнеусва 8. Утринската температура ќе биде од 15 до 25, дневната максимална од 30 до 38 степени.

Спуштање на темпратуата се очекува во недела, кога максималната температура ќе се искачи до 34 степени. Времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Активности на терен заради топлото време ќе спроведе Црвенот крст на Град Скоопје со поддршка на градските власти.

Согласно искуствата од претходните години, мобилните екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи ќе патролираат низ градот Скопје и тоа во централното градско подрачје како и поголемите автобуски постојки каде ќе дистрибуираат вода.

Мобилните тимови ќе бидат на терен во периодот од 10:00-16:00 часот. За активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 12 волонтери распоредени во четири тима со четири возила. Се планира дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри вода на дневна основа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This