ГРЧКИ АВИОНИ ЌЕ ГО ЧУВААТ МАКЕДОНСКОТО НЕБО: Се погласни најавите на Атина за стратешко партнерство со Македонија во одбраната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали Грција наскоро ќе преземе одговорност за заштита на македонското небо? Во рамки на се погласните најави од Атина дека сака да стане главен стратешки партнер на нашата земја во одбраната, министерот за одбрана Евангелос Апостолакис неодамна и предложил на својата колешка Шекеринска токму ваква можност, што, според грчките медиуми, било примено со извесно разбирање од македонската страна. Иако за оваа исклучително важна тема допрва треба да се разговара, таа apriori отвора голем број дилеми, зошто токму Грција би го заштитувала нашиот воздушен простор, дали тоа нема да и го отвори патот и за можна злоупотреба на ексклузивното контролирање на нашето небо, дали тоа би се регулирало на билатерално ниво или во рамките на НАТО, што останува во таков случај од нашиот суверенитет и така натаму.

Ако потпишеме таков документ на билатерална основа, тоа значи дека Грција утре би можела да ги користи сите привилегии кои ги дава нашиот воздушен простор, не само да го користи со авиони туку и со одредени беспилотни летала, дронови и тн. Што би можело да предизвика одредени проблеми во нашиот воздушен простор. Оваа информација треба многу да се преиспита, по мене е неприфатлива – вели професорот по безбедност Златко Димовски.

Сосем друга работа е доколку Грција би ја презела контролата во рамки на некој поголем проект под покритие на НАТО, смета Димовски. Нашата земја формално се уште не е членка на Алијансата, но оди во тој правец и НАТО би можел да и делегира одредени овластувања на Грција во рамки на гаранциите кои ги дава како безбедносен систем. Од друга страна во наредниот период следува неминовна трансформација на македонските вооружени сили, а Грција не крие дека сака да биде клучен фактор во целиот процес.

„Се стремиме кон продлабочување на нашата соработка со Северна Македонија, затоа што е од наш стратешки интерес. Имаме важна улога да одиграме, бидејќи ќе биде побарано од оваа земја систематски да ги трансформира вооружените сили за да одговори на потребните стандарди и барања на Алијансата, изјави министерот за одбрана на Грција Евангелос Апостоалкис на Економскиот форум во Делфи.

Од Македонското министерство за одбрана ниту потврдуваат ниту демантираат нешто во врска со можноста грчките авиони да господарат со нашето небо. За Алфа потврдуваат само дека соработката со Грција по Договорот од Преспа значително се продлабочува и дека во блиска иднина може да се очекува двете армии и двете министерства многу повеќе да се поврзат во рамки на заложбите за безбедност во регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This