Грчко сценарио: Нема преговори за ЕУ додека Бугарија не одобри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија влегува во ново „грчко сценарио“, блokaда на датум за преговори за членство во ЕУ по барање на една од членките.

Ако од Брисел и некои европски министри за надворешни работи слушавме дека ЕУ нема да дозволи блокада од Бугарија, туку преговорите за членство во ЕУ треба да почнат, а Македонија со Бугарија да има паралелни преговори за својата историја, нација и јазик, отсега не е така. Добивме порака од најкометентно место, од амбасадорот на ЕУ.

Преговорите за членство во ЕУ Македонија ќе ги почне кога ќе има договор со Бугарија, вели евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. Вели дека патот на кој сега се наоѓаме е двонасочен.

Тој денеска изјави дека преговорите со Европската Унија ќе започнат тогаш кога ќе има договор со соседна Бугарија, но додаде дека тоа не треба да биде причина да не се продолжи со спроведување на реформите.

Од 1995 година Македонија 25 години ја слушаше оваа приказна и, на крај, го смени уставното име и идентитетот, воведе двојазичност но, не почна преговори за членство во ЕУ.

„Колку повеќе напредуваме во реформите, толку поблиску ќе биде државата кон Европската Унија“, изјави Гир на онлајн конференцијата Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции“.

Тој вели дека ја разбира нетрпеливоста во однос на дискусиите за преговарачката рамка, затоа што, како што рече, луѓето сакаат да се движиме напред и да видат што е можно поскоро отворање на преговорите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This