ГУВЕРНЕКАТА БЕЖОСКА: Македонија споредбено одвои многу малку за помош на стопанството, причината е лошата кондиција на јавните финансии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гувернерката на Народната банка, Аните Ангеловска Бежоска во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма ја посочи разликата во државната помош за приватниот сектор и граѓаните помеѓу Македонија и земјите од регионот и пошироко. Како што таа забележа во Македонија помошта е далеку помала споредбено со другите држави, а причината за тоа таа ја гледа во лошата кондиција во која се наоѓаат јавните финансии.

-Меѓутоа како што и самите почитувате има разлика во однос на обемот. Некои анализи кои што се расположливи посочуваатдека има големи разлики од земја до земја и во регионот и пошироко за големината на фискалниот стимул кој што се обезбедува. Но кога ќе се погледне подетално што е причината и од каде произлегува разликата во големината на фискалниот стимул веднап може да се забележи дека сепак тоа зависи од кондицијата во која се наоѓаат јавните финансии, односно можноста за обезбедување на дополнителни извори на финансирање, вели таа.

 

Според неа мерките за помош на стопанството се недоволни и се потребни дополнителни фискални мерки од страна на Владата.

-За мене е тешко да кажам од позицијата на гувернер, бидејќи министерството за финансии и останатите економски ресори во Владата имаат постојани контакти со стопанските комори, здруженијата, асоцијациите, имаат подобра база на податоци за да ја проценат ситуацијата. Но од она што јас го гледам сметам дека потребни се дополнителни фискални мерки, но како што кажав мора да водиме сметка за фискалниот простор, додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This