Гутереш: Вакцината Спутник V ќе игра голема улога во вакцинација на светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш смета дека руската вакцина против Ковид 19 може да игра голема улога во борбата против пандемијата, а се надева дека СЗО наскоро ќе ја одобри.

„Единствен услов кој ОН го имаат во врска со вакцината е да можеме да ја користиме само ако СЗО ја одобри. Знам дека во овој момент постојат контакти меѓу руските власти и СЗО, се надевам дека низ нив на најбрз можен начин ќе дојде до одобрување или признавање за ефикасност на руската вакцина“, рекол Гутереш во интервју за ТАСС.

Генералниот секретар на ОН смета дека е важно имунизацијата да биде достапна за сите во секој момент.

„Руската вакцина може да биде корисна во многу мисии на ОН, а во некои чувствителни делови на светот, каде ќе биде потребна вакцина за нашите вработени или жители кои помагаат во мировни операции“, додал Гутереш.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This