Г.г. Стефан испрати телеграма со coчyвcтво за yпoкojyвањето на cpпскиот патриjapx Иpинej

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан упати телеграма со сочувство до Светиот архијерејски синод на Српската православна црква, по повод упокојувањето на српскиот патријарх Иринеј.

– Со голема жалост ја примивме веста за упокојувањето на Неговата Светост Патријархот Српски Иринеј. Српската Православна Црква и Православието во целост, во неговата личност имаа редок духовник, посветен пастироначалник и неуморен архипастир. Тој достоинствено и смирено го носеше својот патријаршиски крст и крстот на своето духовно паство, и во сè се трудеше да се покаже за достоен наследник на своите претходници. Во овие тешки мигови за вашите Црква и народ, дозволете ми, во свое и во името на Светиот архијерејски синод, на свештенството, на монаштвото и на сите верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да ве увериме во искрената скрб на македонскиот православен народ, кој сочувствува со сите коишто тагуваат поради упокојувањето на Патријархот Иринеј, стои во телеграмата.
Во неа понатаму се вели, дека блаженоупокоениот патријарх, по примерот на апостолот Павле, би можел да рече дека времето за заминување настапило, но дека добро се борел, патот го завршил, верата ја запазил и дека го очекува венецот на правдата.

– Споделувајќи ја тагата со вас и со сите во Српската Православна Црква, се молиме за душата на новопретставениот ваш првојерарх, та милостивиот Бог да го прими во прегратките на праотецот Авраам и во населбите на праведниците. Бог да го прости и нека му е споменот вечен!, стои во телеграмата со сочуство од погклаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан упатена до СПЦ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This