Гeгe co дeтaли зa пykaњето вo Koчани: Ce тeпaaт лyѓeтo зa пapче лeб, 3aeв е kpив зa ce, ви вeтyвaм ќe одговapa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невиден срам е брутално да тепаш детенце, без разлика што и да се случило, солзите на мајката премногу тежат, за секое прекршување на законот постои полиција и држава која тоа треба го санкционира.

За жал во нашата Македонија, полицијата се занимава со дилање дрога и уништување на нашата младина, наместо со сузбивање на криминалот.

Нема конфликт Македонци – Роми сите мака мачиме се арчиме за Македонија, тој е наметнат. Она што вчера се случуваше во Кочани е борба за парче леб, помеѓу сиромашно ромско население и сиромашно македонско население кое живее во градот, куќа до куќа со векови.

Етничките тензии во Кочани помеѓу двете маала започнаа да растат во моментот кога почна корона кризата по што се влоши и економската состојба во градот и ги доведе Македонците и Ромите да се тепаат со секири за парче леб на својата маса.

Недозволиво е да се зема правдата во свои раце без разлика колку и да изгледа безнадежна состојбата кога полицијата е на страна на криминалот. Малото Ромче кое го нападнавте гладува како и малото Македонче, и неговите родители се караат за сметките за струја како и оние на Македончето.

За ова што се случува во Македонија виновен е еден човек, со име Зоран и презиме Заев човекот кој ни ветуваше „едно општество за сите“ содавајќи конфликти на секој чекор, конфликти кои се сведоа на борба за преживување.

Ромите простуваат, но не забораваат кој е најголемиот душман на ромската заедница и Македонија. Заев ги донесе на просјачки стап и нашите и вашите, наместо да се тепате помеѓу себе, променете го оној кој не доведе до ова дереџе, после кој наместо со поздрав му враќате со камен на вашиот сосед.

Сите кои вчеравечер го прекршиле законот во Кочани треба да одговараат за пример, за да не се дозволи понатамошна одмазда и конфликт помеѓу Македонците и Ромите, а најдоговорен за ова што се случува е Заев. Ти ветувам ќе одговораш за се што им стори на нашите народи.

Со почит Претседател на Народна Партија на Ромите
Геге Демировски .

Линк од неговата објава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This