Гeopгиевски во одбpaна на 3aeв и Бучкoвcки: Илиндeнcкото вocтание е и бугapcко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Јас кога со господинот Костов сакавме да положиме цвеќе на Св. Кирил и Методиј иако тоа баш нема ништо врска со можеби со некаква бугаризација, тоа се старословенски просветители. И по две години од таа фама за полагање на цвеќе, прекина сето тоа. После доаѓа Бучковски и направи еден обид ми се чини за Илинденското востание да го слави, повторно му наскакаа и од ВМРО-ДПМНЕ, и од внатре во партијата и човекот прекина. После тоа имавме една долга пауза кај што имаше замрзнати односи буквално, доаѓа Заев се обидува да направи нешто човекот и повторно овде во Македонија му наскакаа“, рече Љубчо Георгиевски во гостување на „Стадион“ на Канал77.

Георгиевски додаде дека поентата дека во македонското општество владее најстар популизам а тоа е антибугаризмот кој владее од комунизмот.

„Прашањето на антибугаризмот е најслатка тема, порано немаше ФБ, а сега поради оваа социјална мрежа има многу ФБ писатели каде што плукаат и пцујат по Бугарите. И сега добиваме удар и се чудиме што ни се случи“, појасни Георгиевски.

Георгиевски посочи дека Заев најмногу се залага од сите политичари да ги среди односите со Бугарија.
„Во Македонија има една чипирана средина на луѓе која не дозволува никаков однос со Бугарија“, нагласи Георгиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This