Гeopгиевски пак „тpoпа“ на Фејсбук, овој пат ja нaпaднa Ќулавкова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бившиот премиер Љупчо Георгиевски реагира на Фејсбук на објавата од академик Катица Ќулавкова, разобличувајќи ги, како што вели, „сите еднонасочни квази патриоти“!

„Одговор на академик Катица Ќулавкова

како можност за разобличување на сите еднонасочни квази патриоти!

Го прочитав коментарот на академик Ќулавкова и видов што ѝ пречи. Но, ајде да видиме што не ѝ пречи?

На академик Ќулавкова воопшто не ѝ пречеше антиквизацијата и, ако заборавила дека имаше академици кои правеа спој меѓу некаков антички македонски јазик, преку старомакедонски до современ македонски, јас не сум заборавил. Вакво духовно и научно деградирање на македонскиот народ и правење карикатура од самиот себе уште го плаќаме и политички, и со интелектуални лекции што ни ги држат.

На академик Ќулавкова не ѝ пречи што на повеќе српски портали Блаже Конески е претставен како Србин од Македонија. И на ниеден блажевист тоа не му пречи.

На академик Ќулавкова не ѝ пречи што вториот најголем култ за македонскиот јазик, академик Божидар Видојевски, до 1944 година беше организатор на четничкото движење за Македонија и директен полномошник на Дража Михаиловиќ.

На академик Ќулавкова воопшто не ѝ пречи што академик Трајко Стаматовски 1988 во ‘Лик’ предложи дека е време македонскиот јазик да се вика српско-македонски и да прогласиме полна билингвалност.

Овие три култа на македонскиот јазик беа извршители на убиството на илјадници македонски зборови само затоа што ги потсеќаа на бугарските. Резултат на тој геноцид на македонскиот јазик е фактот што денес македонскиот јазик е со најмал број на лингвистички единици во целата индоевропска група на јазици. И од друга страна на отворено србизирање на сè што трпи во нашиот јазик.

А сега и едно прашање? Ако Крсте Петков Мисирков е татко на македонската нација и јазик, што е општо прифатен консензус, тогаш што ни се сите преродбеници пред него Миладинови, Шапкарев, Прличев, Зографски, Крчовски, Пејчинович, Жинзифов… И можеби и нема потреба од одговор бидејќи тие самите напишале во насловите на своите книги“, вели Георгиевски во одговорот до Ќулавкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This