Гepманците во паниka: Светот се врати во времето на Студената вoјнa, руските агeнти работат како КГБ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската разузнавачка активност во Германија значително се зголеми и сега ги достигна нивоата на Студената војна, предупреди главниот шеф на германското внатрешно разузнавање во Берлин Томас Халденванг.

Тој во интервју за Велт ам Зонтаг рече дека Русија има „многу сложен разузнавачки интерес за Германија“ во повеќето области на политиката.

Според него, Русија има „извесен број агенти“ кои сакаат да воспостават контакт со носителите на одлуки. Германија ги обвинува руските државни агенти за убиството на етнички Грузиец од Чеченија во Берлин во 2019 година. Убиството е само едно од неколкуте политички убиства или обиди за убиства во Западна Европа, приврзани за руски агенти во последните 15 години.

Претседателот на Германската федерална канцеларија за заштита на уставот, Томас Халденванд изјави дека активноста на руската разузнавачка служба во Германија го достигнала нивото од периодот на Студената војна, објави Спутник.

„Забележуваме дека Русија значително ја зголеми својата активност“, рече тој во интервју за весникот „Велт ам Сонтаг“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This