Гepмaнcкиoт пpaтеник, кoj cи поднece ocтaвкa е тecно повpзaн co oдглeдyвaњe кaнaбиc во Maкeдoниja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот пратеник од владејачката партија ЦСУ, Тобијас Цех, кој си поднесе оставка откако беше откриено дека преку консултантска фирма вршел услуги за ВМРО-ДПМНЕ кога претседател на партијата беше Никола Груевски, денес е тесно поврзан со бизнисот за одгледување марихуана во Македонија, пишува „Дојче веле“ пренесувајќи ги информациите од германскиот весник „Шпигел“.

Цех, кој го загубил пратеничкото место во Бундестагот есента 2017, во 2018 година ја ликвидирал фирмата за пиар-консалтинг. Во мај 2020 година тој повторно стана пратеник откако негова колешка си поднесе оставка, а во тој период тој веќе е влезен во нов бизнис – одгледување канабис.

„Денес 39-годишниот политичар е на чело на Управниот одбор на компанијата ’Фарм кан‘ (PharmCann Deutschland AG) и со неа е тесно поврзан со одгледување канабис во Македонија. Партнер на Цех во Скопје му е Златко Кесковски, поранешен заменик-директор на УБК и шеф на обезбедувањето на експретседателот Борис Трајковски. Кесковски е шеф на Надзорниот одбор на ’Фарм кан Германија‘ и има лиценца за одгледување канабис во Македонија“, пренесува „Дојче веле“.

За ова, Цех изјавил дека целта е да се изгради продажна мрежа за Германија.

Во врска со релациите со Груевски, пак, како што објави „Шпигел“, Цех во текот на 2016 и 2017 година во повеќе наврати се среќавал со него и тогашното раководство.

Сега згаснатата негова фирма за консултантски услуги, тој ја формирал во април 2016 година, а неколку месеци подоцна веќе имал договор пиар-консалтинг со ВМРО-ДПМНЕ и 50 000 евра на своето конто.

Фирмата на Цех, пренесува „Дојче веле“, никогаш не објавила дека работела за ВМРО-ДПМНЕ, иако нејзиното име стоело и на интернет-страницата на Цех во Бундестагот. Тој немал законска обврска да објави кои му биле муштериите и со кого сѐ работел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This