Гpција co нoви пpaвилa зa влeз: Oвa ce cитe paбoти штo тpeбa дa ги знaeтe пpeд дa ce yпaтитe кoн гpaницaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска беше донесена нова, заедничка министерска одлука на грчката Влада, која се однесува на одредбите за влез на странски државјани во Грција.

Според оваа одлука, која ќе важи до 7 јуни годинава, комплетиран е списокот со услови за влез на странски државјани во Грција.

Деца постари од 5 години сè уште треба да направат ПЦР-тест. Новина е што се пуштаат туристи од БиХ, па дури и Република Српска, што не беше случај досега.

Формулар, вакцина, сертификати …

Списокот со услови за влез во Грција е следен:

1) Пополнет формулар

Можете да го најдете на travel.gov.gr

2) Доказ за имунизација

Овој сертификат може да биде во форма на потврда за вакцинација со која било вакцина дадена во Македонија, последната доза мора да се добие најмалку 14 дена пред пристигнувањето.

Ако не сте биле вакцинирани, мора да имате негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа (сè уште задолжителен за деца над 5-годишна возраст (кои стигнале 5 и нагоре). Ако сте имале коронавирус, треба да обезбедите доказ дека сте имале Ковид од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето. Ова го потврдувате со позитивен ПЦР или тест за антиген кој ви го дијагностицирал вирусот.

Новини

Она што е ново е промената на забраната за влез во земјата за граѓаните на Босна и Херцеговина кои од денес влегуваат под истите услови како и оние граѓани кои претходно ја добиле таа дозвола (на пр. Србија или Северна Македонија).

Преминот Евзони останува отворен од 7-23 часот (по грчко време).

Преминот Промахонас останува отворен цел ден.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This