Гpaдoнaчaлникот Ѓорѓиевски ocтвapи cpeдба co пeнзиoнepи: Ќe oвoзможиме да го добијат зacлуженото мecтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Момчило Петровиќ и неколку претставници од Здружението на пензионери од општина Кисела Вода остварија средба со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Му посакаа добра и успешна работа и со него отворија повеќе теми врзани со подобрувањето на квалитетот на живеење за оваа категорија на граѓани.

Ѓорѓиевски искажа подготвеност да им се излезе во пресрет за сите добри идеи и потенцираше дека во неговата програма има бројни проекти наменети токму за пензионерите и нивните потреби.

Потсети дека токму во моментов тече обуката за негуватели кои на старите и изнемоштени лица од овој дел на градот ќе им пружаат помош во нивниот дом. Ќе има и проекти за подобрување на социјалниот живот на пензионерите. Ќе се одржуваат настани од културен, спортски, социјален карактер во кои тие ќе бидат вклучени.

-Овие лица се значаен сегмент од нашата заедница и ќе овозможиме да го добијат заслуженото место во општественото живеење, наведе на средбата градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This