Гpyби: Maјчиниот jaзик имa cкaпoцeнa вpeднocт зa нaшатa зaeдничка дpжaвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со цел зачувување и унапредување на мајчиниот јазик, како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, организираше тркалезна маса.

„Првиот вицепремиер пред присутните рече дека поддршката за употребата на мајчините јазици од страна на државата е од особено значење. Уставот на земјата, но и Законот за јазици овозможува официјална употреба на централно и локално ниво на некои мајчини јазици и заедно со образовниот процес што се одвива на повеќе јазици е најдобриот показател дека ние како општество имаме преземени чекори напред во зголемувањето на вредноста на мајчините јазици“, се вели во соопштението од кабинетот на Груби.

Првиот вицепремиер Груби нагласил дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците сè повеќе зазема централна улога во креирањето на јазичните политики и интеграцијата на етничките заедници во јавниот живот на земјата. Се разбира, потенцирал Груби, многу важен елемент е соработката со другите институции што се создадени во духот на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

На оваа дебата, како што соопштија од неговиот кабинет, освен Груби, присутни биле и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот, Илбер Села, директорот на Агенцијата за остварување на малцинските права во РСМ, Еран Куртиш, државниот секретар во Министерството за образование и наука, г. Селатин Белули, директорот на Управата за образование, Милутин Станчиќ, директорот на Управата за култура, Адмир Ујкановиќ, директорот на инспекторатот за упореба на јазиците, Фатмир Исени и заменик министерот во Министерството за политички систем, Илхан Рахман.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This