Дали знаете дека промената на името беше дел од Тиранската платформа?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По Тиранската следува Албанска платформа, од Македонците се бараат нови отстапки, ќе сонуваме за деновите кога бевме граѓани од втор ред!

Патики искинавме протестирајќи против Тиранската платформа, но за жал сите ние кои рамо до рамо протестиравме не успеавме да го спречиме нејзиното целосно спроведување од прва до последна точка…

Она што во моментот кога се протестираше на граѓаните им избега од пред очи беше содржината на овој „тиранински“ документ кој што засекогаш ја промени државата која некогаш ја нарекуваме наша. Во фокусот на протестите беше двојазичноста и федерализацијата на државата, процеси кои во овие моменти се речиси целосно реализирани.

Многумина ќе се зачудат од насловот, но факт е дека промената на името беше дел од овој инфамозен документ.

5-тата точка на платформата беше токму „решавањето на спорот со името“, во оваа точка од платформата се бараше инволвирање на албанскиот фактор во преговорите, што впрочем се случи преку вклучувањето на Бујар Османи и Али Ахмети во процесот за изнаоѓање „решение“ за македонското име и честите посети на овие двајца политичари на соседна Грција.

Покрај промената на името во Тиранската платформа во шестата точка од Македонија се бараше да има добри односи со соседите, оваа точка е олицетворена во штетниот договор за „добрососедство“ со Бугарија.

Но ако Македонците мислат дека тоа е се…Се лажат.

Османи вчера најави нова платформа овој пат Албанска која го има истиот оној фашизоиден сентимент како претходната, платформа која дополнително ќе придонесе Македонците да се чуствуваат како граѓани од втор ред во својата држава, а загрижуваат и предизборните барања на ДУИ како оние за задолжително учење на албанскиот јазик во основните училишта, како и промената на химната, знамето и грбот на државата.

Новата позиција која треба да ја прифатат албанските партии според Османи е составена од пет точки и таа нема никакви цели кои се од интерес за Македонците, Турците, Ромите, Србите и другите задници туку исклучиво за албанските политики.

„Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика”, вели Османи во одговор на позициите на Алијанса за Албанците која предходно не исклучи дека ќе разговара и со ДУИ за составот на новата влада.

Според Османи овие се петте точки од новата” Албанска платформа”:

1.На изборите не се тркаме со повеќе од две листи.

2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини.

3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор.

4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006).

5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.

Иако во предизборната кампања меѓу ДУИ и коалицијата АА-ААА имаш силни разлики и критики особено во однос на идејата за премиер Албанец тој анимозитет сега речиси го снема.

Веднаш по изборите Али Ахмети ги покани албанските партии на заедничка средба за да се координираат што по добивањето на 32 мандати од албанските политики партии.

По консултациите во јавноста денеска протекува предлогот на Албанска платформа која што е еден вид вовед во нови поделби меѓу граѓаните на етничка основа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This