April 28, 2024, 12:24 pm

Дали Охридското езеро го чека иста судбина како Преспанското

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните неколку денови очигледно е намалувањето на водостојот на сите езера во Македонија. Според фотографиите кои со денови се објавуваат на социјалните мрежи се гледа реалната слика од намалување на водостојот на езерата низ земјава. Невладините организации од Охрид и биолозите реагираат дека ЕЛЕМ го празни езерото за производство на електрична енергија.

Намалувањето на водата на Охридското езеро се забележува и со голо око. Намалувањето е видливо на кејот на брегот на Охридското езеро и на крајбрежните плажи. Биoлозите предупредуваат и на појавата на зелени кончести алги кои се најдобар показател дека езерото трпи поради намалената количина на вода. Тие се појавуваат при намалувањето на водостојот и во време на пеколни горештини.

БИОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ

Нивото на водата во Охридското езеро опаѓа со денови. Последните мерења покaжуваат дека сега водостојот е на 693,19 што е само за два сантиметри над нултата точка од 693.17. Минималната дозволена кота на нивото на езерото e 693,10. За состојбата на Охридското езеро предупредуваат и невладините организации од Охрид кои постојано алармираат дека ЕЛЕМ го празни езерото за производство на електрична енергија.

Реагираат невладините организации од Охрид, биологот д-р Трајче Талевски смета дека голем број алгите се ендемични и при повлекување на водата остануваат на суво и умираат. Фауната која живее во плиткиот литорал е една од најзагрозените. Според биологот Талевски околу 35% од ендемичните претставници од фауната на дното (полжави, школки, сплескани црви, трепчести црви, пијавици и др. живеат во делот кој останува без вода при вакви повлекувања на водата од Езерото.

„Повлекувањето на водата може негативно да се одрази и врз краповидните видови и штипалките. Доколку нивото на водата брзо не се нормализира и колку- толку не се ревитализираат деловите со макрофити, и водата не ги покрие деловите со песок и чакал, каде што во почетокот на април ципринидите почнуваат да ја полагаат икрата и каде се обавува инкубацијата, тоа може негативно да се одрази и врз целокупната рибна популација во Езерото“, потенцира биологот д-р Трајче Талевски во една од своите изјави за Дојче Веле.

ЕЛЕМ СЕ ПРАВДА

Според податоците објавени на веб страната на ЕЛЕМ котата на Охридското езеро е 693,21, што е за 4 сантиметри над котата 693,17 која Управата за хидрометеоролошки работи ја зема како минимална, додека пак минималната кота која е пропишана од Министерството за животна средина е 693,10.

Од ЕЛЕМ, пак велат дека водата што ја испуштаат од Охридското eзеро во реката Црн Дрим е минималната пропишана со закон која треба да обезбеди услови за живиот свет во реката. Двете хидроелектрани по течението на Црн Дрим работат само на минималниот доток на вода во реката и не се испуштаат дополнителни количини вода за производство на електрична енергија. Од ЕЛЕМ велат дека нивото на Охридското Езеро прирoдно осцилира во текот на годината, без разлика дали низводно по Црн Дрим се произведува електрична енергија или не.

„Подолго време наназад во Црн Дрим се испуштаат само 3,5 кубни метри во секунда, односно природниот истек со пречник од 25 метри е сведен на отвор од 2,5 метри, истек што задолжително мора да се обезбеди за одржување на биодиверзитетот во реката Црн Дрим. Напоменуваме дека нивото на Охридското Езеро прирoдно осцилира во текот на годината, без разлика дали низводно по Црн Дрим се произведува електрична енергија или не. Регулираното осцилирање кое се прави го следи природното, врз основа на водостопанска дозвола издадена од Mинистерството за животна средина, според кој документ дозволено е осцилирање меѓу котите 693,10 и 693,75“, велат од ЕЛЕМ за Дојче Веле.

Граѓаните алармираат дека локалната и централната власт треба да преземат соодветни мерки за да не замре единствениот бисер во Македонија. Граѓаните се плашат дека поради неажурноста на власта ќе се случи иста судбина на Охридското езеро како и со Преспанското.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This