Дали после Нинџа, Мартин е најверниот сведок на обвинитeлcтвото?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред неполни два месеци Инфомакс го обелодени големото престројувањето на поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер.

Големиот трансфер од ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ се случува откако тој е уценет од судскиот случај против него и одлучил да стане соработник на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, а овој пак му наложил за да се докаже прво да стане соработник на обвинителството кое го контролира Заев.

Пренесовме информации за кои имаме потврда од неколку извори дека Мартин Протоѓер уште пред најмалку една година започнал директна комуникација лично со Зоран Заев и се ставил на целосно негово располагање, нудејќи се за совети, но и нудејќи се самиот да одигра клучна улога слична на онаа на Нинџа во случајот наречен “27 април”, односно да стане лажен сведок против своите довчерашни партиски соработници.

На обвинителството вакви личности им требаат во предмети каде обвинителството нема докази, а потребен им е некој да каже нешто што тие ќе му го напишат или кажат со цел да имаат барем нешто врз основа на што исплашените или партиските судии ќе донесат пресуда против прогонетите од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се случува откако по долга лична и во пријателски дух комуникација, Протоѓер го отворил прашањето за судскиот процес против него на што бил упатен за истото да се договори со обвинителството, што Протоѓер го сватил сериозно и како некаква шанса за него.

Објавивме и детали од пораките кои ги разменувал со лидерот на СДСМ за кои веќе знаат многу луѓе од СДСМ но дошле и до некои луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Пораки во кои Протоѓер најжестоко ги напаѓал сите за кои соговорникот би сакал да слушне нешто лошо, вклучувајќи го и сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски и Груевски за кои се произнесувал со најпогрдни зборови. Ги воздигнувал политиките на актуелната власт, делел совети, давал силна подршка за смената на името, се распрашувал за здравствената состојба на членови на семејството на Заев, разменувал семејни фотографии и слично.

За некои луѓе од партијата, ова не е големо изненадување бидејќи велат Протоѓер е човек кој го гледа само личниот интерес и спремен е да застане и делува против секого ако од тоа може да добие нешто. Покрај тоа, кажуваат и дека е прилично нестабилна личност особено кога е под личен притисок, до степен на параноја.

Она што не го знаевме до сега е фактот што Протоѓер со години бил зависен од еден порок што веројатно било главната причина на создање други сериозни здравствени проблеми за кои се зборуваше во јавноста. Протоѓер во многу наврати го снемувало со недели и месеци и се шпекулира дека правел неуспешни обиди за лечење во странство. Велат дека таквата зависност умешно ја криел од најголемиот број познаници и секако од јавноста. На ова поле вршиме дополнителни истражувања пред да ги обелодениме деталите. Велат дека во последните 8-9 години тоа сериозно го променило. Дознавеме и дека Протоѓер воопшто не е така сиромашен како што со сите сили се обидувал да го перципира околината. Дознавме многу детали околу последиците од неговиот порок но и околу неговата скриена имотна состојба но сето ова ќе го објавиме одкако информациите ќе ги провериме од неколку извори.

Мартин Протоѓер воопшто не ги демантираше наводите од претходната наша објава. Од она што дознавме, тој дури реагирал позитивно говорејќи на свои блиски дека таа објава само му ги зацврстува позициите и довербата кај Заев и СДСМ и дека му ги зголемува шансите судиите да го ослободат или да го осудат со незначителна казна а обвинителството да не се противи на тоа, особено, кога ќе почнал да испорачува конкретни резултати во соработката. Пристап кој мора да признаеме и нас не изненади, па во тој поглед ако добиеме повеќе информации со задоволство ќе му помогнеме.

Во последните месеци тој целосно ги прекинал контактите со сите позначајни партиски луѓе и особено луѓе кои имаат контакт со партискиот врв, се дистанцирал од нив, па дури и го сменил телефонскиот број за да не мора да се оправдува или објаснува на долгогодишните пријатели и партиски соработници. Сметал и дека актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ нема да опстане на позицијата, но ако сепак опстане и стане премиер сметал дека ќе му прости за ова однесување затоа што според она што им го кажал на пријателите токму тој го направил првиот контакт на Мицковски со Груевски и силно го препорачал за негов соработник, момент од кој започнува политичката кариера на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

При случајни средби со многу познаници низ скопските кафеани подеднакво го критикувал и сегашното и поранечното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во чии состав долги години беше и тој самиот и каде имаше веројатно најголемо влијание и висок авторитет, но не откривал дека е во директна и блиска комуникација со СДСМ.

Дел од партиските луѓе од базата кои не се во директен или индиректен контакт со него сеуште со неверување ги примаат информациите за трансферот на Мартин Протоѓер и велат дека неможат да поверуваат дека Протоѓер се спуштил на толку ниско ниво да стане покорен слуга на оној на кого во минатото со задоволство како неофицијален стратег на комуникациите со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ го матирал во секоја можна ситуација а да се сврти против најблиските соработници и партијата која толку многу го издигна и му даде доверба, само заради стравот и паранојата од судскиот предмет Титаник, кој од следниот месец ќе започне да се суди одново заради неодамнешното пензионирање на еден поротник од судскиот совет, и заради неговиот обем веројатно ќе се суди во следните две години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This