ДАЛИ УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ГО ПОНИШТИ ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ: Уставен суд има искуство со поништување на закони со спикерски потпис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранискиот спикер нема право да потпише указ наместо претседателот на Републиката. Противуставно е објавување на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без параф од шефот на државата.

За сличен случај во ноември 1998 година се произнесе и Уставниот суд, укинувајќи го тогашниот закон за употреба на знамињата преку кој припадниците на националностите го изразуваат идентитетот.

Во образложението на судот се наведува:

Судот на седницата, утврди дека Указот со кој се прогласува Законот за употреба на знамињата… е потпишан од претседателот на Собранието на Република Македонија, во својство на претседател на државата иако на претседателот на Републиката не му престанала функцијата, ниту бил спречен да ја врши.

Според Судот, не е исполнет ниту еден од условите предвидени во Уставот кога функцијата претседател на Републиката може да ја врши претседателот на Собранието или тој да го заменува.

Оваа одлука на судот се однесува на указ кој во 1997-та го потпиша Тито Петковски како претседател на Собранието кога шеф на државата беше Киро Глигоров кој одби да го потпише конкретниот закон.

И универзитетската професорка Каролина Ристова-Астеруд, поранешна пратеничка и некогашен висок функционер на СДСМ, смета дека со ова Уставот е погазен.

Џафери флагрантно го повредува уставот, тоа е правно насилие на исто рамниште како оние со физичкото во Собрание, а реакцијата треба да биде игнорирање и бојкот на овој закон-незакон , кој не е „контроверзен“ туку апла повреда на Раковен и Уставот, и на други уставни одредби. Нека пробаат да казнуваат , врз основа на што? На недефинирани деликти? Со какви санкции , со некакви кои одат до перверзна диспропорционалности преставуваат сурово и невообичаено казнување? По двата основа може тужби до Стразбур. Како и немање почек, и тоа никаде го нема. Законот допрва на Уставен, а за него треба реакции и кај гарантите на Рамковен и до сите институционални играчи надлежни за проширувањето. Ова овде не завршува, коментира Ристова-Астеруд на социјалните мрежи.

Законот за употреба на јазиците два пати беше изгласан во законодавниот дом, на 11 јануари и на 14 март минатата година, но претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише указот за негово стапување во сила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This