Дали 3aeв најавува оставка ако ВМРО ги добие Скопје и повеќето општини?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вчера на прес-конференција ги повика граѓаните на обединување и кажа дека народот на 31 октомври, кога треба да се одржи вториот круг на локални избори, ќе одлучи дали воопшто земјава ќе оди напред и ќе се определи за демократија и слобода или ќе се врати во минатото на режим и молк, пренесува Фокус.

Одговарајќи на новинарско прашање што доколку не се случи тоа обединување на кое повикува, Заев одговори дека тој и влада предводена од него, не може да продолжи ако Градот Скопје и другите општини одат назад односно во спротивен правец од целите на Владата.

– Advertisements –

Со овој одговор, Заев отвори дебата во јавноста дали најавува или се заканува со оставка доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ победи во Скопје или другите општини. На самата прес-конференција имаше уште едно директно прашање дали тоа значи дека ќе си даде оставка ако во Скопје победи ВМРО-ДПМНЕ, но Заев го повтори истиот одговор.

„Фокус“ и денеска го праша Заев дали неговиот вчерашен одговор значи дека ако опозицијата победи во повеќето општини и Скопје, тој ќе си даде оставка од функцијата премиер и претседател на партијата. Сепак, Заев не одговори конкретно. – Вчера кажав што имам да кажам и мислам дека беше многу јасно. Немам што да додадам, ни одговори кратко Заев.

Извор: Фокус

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This