ДАНЕВ: Заев мора да одговара за meшањето во cyдството и обвинитeлcтвото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антонио Милошоски ги однесе материјалите во обвинителство за да постапува и сега останува на обвинителството, мора да се постапува, мора правдата да се спроведе и за тоа нема цена, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на Македонската телевизија.


Тој посочи дека со протестот од Обвинителството до Врховниот суд ВМРО-ДПМНЕ апелира дека во Македонија е дојдено време да завладее правдата.

-Не веруваме дека има кадарни луѓе во судството и обвнитрлството кои може да одговорат на задачите. Но, очигледно е дека некои не можат да го направат тоа, и тоа е многу евидентно. Сведоци сме дека има сериозни индиции за инволвираност, односно мешање на поранешниот премиер Зоран Заев во судството и обвинителството, и за тоа мора да има разрешница, посочи Данев.

Според Данев правда мора да има и истата не може да има цена.

-Секој треба да одговара, но сведоци сме дека се донесе Закон за јавно обвинителство за да може да се избегне одговорноста. Како и да е индиции за вмешаност на политичари има, меѓу кои и поранешниот премиер Зоран Заев. Или дека Заев влијаел и вршел притисок врз судството и обвинителството, посочи Данев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This