Даниловски: Стравувам за Јануари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски, вчерашниот рекорден број на 46 починати, претставува една вообичаена статистичка варијација, а просекот на починати во изминатата недела е околу 30 дневно.

– За среќа нема нагорен тренд, туку тој просек има рамен тренд. Се надевам дека наскоро ќе помине и во надолен тренд. Тоа нема да се случи преку ноќ и, се разбира, ако не се случат некои епидемиолошки ризични настани, кои можат да ја сменат таа тенденција –  изјави Даниловски за телевизија „Сител“.

Тој изрази загриженост за она што не очекува во јануари, по новогодишните и божикните празници.

– Идеално би било кога граѓаните би можеле празниците да ги прослават со најблиските, без одење на гости и без примање на луѓе дома. Но, не верувам дека граѓаните ќе ги послушаат советите на епидемиолозите. Така што, да почекаме да видиме што ќе се случи во јануари – рече Даниловски.

Тој смета е добар примерот на Германија, каде учениците ќе бидат распуштени на средината на месецот, пред да почнат празниците, за да не се згуснат социјалните контакти во исто време.

Во однос на употребата на лекот „ивермектин“, професорот рече дека тој е стар и евтин лек, кој се покажал ефикасен во лекувањето на ковид-19.

-„Ивермектинот“ се користи од март во Австралија, во Нов Зеланд, во источните земји. Ако ги погледнеме бројките на смртноста, ќе видиме дека секаде каде што се употребувал ивермектин, смртноста е помала – рече  Даниловски.

Лекот кај нас се употребува за лечење животни, во прашкаста форма. Професорот се надева дека ивермектинот, во таблетарна форма, наменет за луѓе ќе почне набрзо да се употребува и кај нас. Тој истакна дека лекот, освен што помага при лекување на болните од ковид-19, дејствува и профилактичко.

-Луѓе кои се изложени на инфекција, на пример, здравствените работници, ако го земаат додека се здрави, тие не се инфицираат од коронавирусот. Пред една недела имавме драматичен апел од тројца светски здравствени авторитети од Алијансата на работници од првата линија за критична нега на болни од ковид-19, кои работат во интензивна нега, кои побараа ивермектинот да се употребува за профилакса и за ковид-19 – информира тој.

Даниловски смета дека ивермектинот ќе биде една пресвртница во третманот на ковид пациентите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This