Даниловски: “Aкo пpoдoлжимe вaкa дo кpaјoт нa дeкeмвpи ќe имaмe пoвeќe oд 100.000 зa6oлeни”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според една анализа, направена на 4 октомври, до крајот на годината се прогнозираа 32.000 позитивни и околу 2.000 смртни случаи. Ако дневно, грубо се регистрираат 1.000 нови позитивни (а повеќе се), до крајот на декември ќе имаме повеќе од 100.000, ако би продолжила истата динамика, анализира епидемиолотот д-р Драган Даниловски во својата колумна за „Доктори“.

Можеби треба да се сменат протоколите за да може да почне со терапија и човек што има макар и лесни симптоми, БЕЗ да се чека да добие резултат од ПЦР. Тоа со чекањето за термин за тест и после, чекањето за резултат, прави тие луѓе да шетаат наоколу и да го сеат вирусот. Дел од нив, чекајќи, преминуваат во фаза со тешки симптоми… па за нив после нема место во болница… и ги враќаат дома. И за некои станува доцна…, пишува Даниловски.

Тој додава и дека крајно време е достапноста на услугите на приватното здравство да станат достапни на граѓаните ПОД ИСТИ УСЛОВИ како и во државното!

Неприфатливо е во време на криза да се прават профити! Во време на пандемиска криза, не може да постои поделба на државен и приватен здравствен систем! Затоа што здравствените услуги се јавни!, пишува докторот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This