Даниловски: Caми ќе cтeкнeмe koлективен имyнитeт, чекajќи ги вakцините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето гостување во „Студио 10“ на ТВ24, епидемиолог Драган Даниловски изјави дека за 2-3 месеца ќе бидеме на прагот на колективен имунитет.

– Чекајќи ги вакцините, ќе си ја свршиме работата сами на природен начин, по некои пресметки, ние имаме некаде меѓу 42 и 45% опфатени граѓани со инфекцијата, независно дали се асимптоматски или со симптоми, тоа е околу 750.000 граѓани. Околу 1.6 милиони граѓани користат здравствени услуги во Македонија. Со оваа динамика за 2-3 месеци ќе го достигнеме прагот на колективен имунитет, па за кого ќе се вакцините? Епидемијата здивнува имајќи предвид дека сме шампиони на Балканот кога се работи за „расположение“ за вакцинирање, околу 49% од граѓаните не се расположени да се вакцинираат, вели д.р Даниловски кој се осврна и на британскиот сој на ковид-19.
Засега има три мутации на вирусот, се дознава дека вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“ делуваат и на јужноафриканскиот сој на вирусот.

– Откриено е дека британската варијанта е 35% позаразна од оригиналниот тип, а јужноафриканскиот сој е 75% позаразен. Се претпоставува од искуството на Британија дека клиничката слика не е поразлична, но преносливоста е поголема. Ќе заболат повеќе луѓе, веројатно ќе има и повеќе починати. Истите мерки кои се преземаат за постоечкиот вирус функционираат и за британскиот сој. Треба маските поригорозно да се носат и дистанцата да се држи по внимателно. Ова не треба да не изненадува. РНК вирусите се нестабилни, мутираат многу често, рече д-р Даниловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This