Данска го пpeкина вакцинирањето со АстраЗенека, вакцините ќе ги подари на сиромашните земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данска размислува да ги дистрибуира вакцините против Ковид-19 на Астра Зенека на посиромашните земји откако ја стопира употребата поради загриженост за формирање на појава на тромози, изјави денеска директорот на Светска здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

Данска е првата земја што ја прекина употребата на вакцината против Ковид-19 на Астра Зенека, додека европските власти продолжуваат да ги анализираат извештаите за ретката појава на тромбози по вакцинирањето во земјите-членки а Европска Унија, и во Велика Британија.

СЗО заедно со британските и европските медицински агенции продолжуваат да препорачуваат употреба на вакцината на Астра Зенека, истакнувајќи оти придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците

Официјални лица на СЗО не го критикуваат прекинот на вакцинација со Астра Зенека во Данска, наведувајќи оти секоја нација треба да биде флексибилна во донесувањето одлуки за своите програми за имунизација

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This