Данска целосно ја запира вакцинацијата со АстраЗенека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данската здравствена управа денес потврди дека целосно ќе престане со употребата на вакцината „Астра Зенеке“ против ковид-19 како дел од својата програма за вакцинирање.

Управата одлучи да продолжи со вакцинацијата против ковид-19 без вакцината „Астра Зенеке“ , се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс, а пренесува Танјуг.

Вакцинацијата со оваа вакцина е запрена поради ретки случаи на згрутчување на крвта, објавија данските медиуми.

Таа одлука може да го одложи планот за вакцинација во оваа земја за четири недели, според Ројтерс.

Претходно, Германија, која беше запрена со вакцинацијата со вакцината на возраст под 60 години , одлучи дека оние кои ја примиле првата доза, да добијат втора доза на вакцина од друг производител, објави АФП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This