Данска y6ивa 17 милиoни кyни кaj кoи e пpoнajдeн мyтиpaн Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаме голема одговорност за сопственото население, но со ова откритие на мутацијата имаме уште поголема одговорност за остатокот од светот – објасни премиерот Фредериксен.

Повеќе од 17 милиони куни во Данска ќе бидат убиени откако истражувањето покажа дека тие носат мутиран коронавирус што може да се прошири и на луѓето, потврди во средата данскиот премиер Мете Фредериксен. Веста ја пренесуваат сите релевантни светски медиуми.

Научниците откриле слични вирусни клетки кај луѓето и куните, и тие покажуваат намалена отпорност на антитела и потенцијално ја намалуваат ефикасноста на идните вакцини за коронавирус што во моментов се развиваат низ целиот свет.

– Имаме голема одговорност за сопственото население, но со ова откритие на мутацијата имаме уште поголема одговорност за остатокот од светот – објасни премиерот Фредериксен.

Патем, Данска е најголемиот одгледувач на овие цицачи, а мутираниот вирус се појави на некои од многуте фарми на северот на земјата. Инфекцијата се прошири на 207 фарми за куни, претежно на северот на полуостровот Јутланд. Вирусот зарази и 12 лица.

– Најлошото сценарио е нова пандемија што би започнала во Данска – рече Креј Мелбак, главниот дански епидемиолог.

Државата започна да ги убива заразени животни уште во јуни, но не успеа да го спречи ширењето на мутираниот вирус. Холандија и Шпанија го сторија истото со заразените куни.

– Имаме најдлабоко разбирање и сочувство кон сите одгледувачи на куни. Тоа е вашиот леб, генерации на ваши семејства живееја од него. Тоа ќе биде голем удар и за данскиот извоз. Многу ни е жал за ова, денес е тажен ден – рече премиерот Фредериксен.

Данците исто така го споделија откривањето на мутирани клетки на коронавирусот со Светската здравствена организација и Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Во четврток, тој ќе претстави план за борба против ширењето на мутираниот вирус. Армијата и полицијата ќе учествуваат во истребувањето на куните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This