Даскаловски: Cyбвeнциoниpaњeтo на вpaбoтyвaњe Албанци во пpивaтниoт ceктop e во нajмaлa paкa нeвooбичaeнo, мoжe дa ce кaжe и диcкpиминaтopcки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Жидас Даскаловски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ ја коментираше програмата на Владата за субвенционирање на вработување на Албанци во приватниот сектор која според него во најмала рака е невообичаена. Тој за пример ја зема најголемата демократија во светот, САД посочувајќи дека ниту таку државата директно не ги субвенционира компаниите кои ќе примат афромаериканци. Даскалковски забележува дека ваквиот однос на државата кон одредена заедница е дискриминаторски.

Без попис сега веќе тие политики кои ги носите не се на научна основа, тоа е првиот коментар кој што го имам во врска со предлогот вчера даден од Артан Груби. Невообичаено е на тој начин да се регулира материјата, она што постои во САД е тоа да во одредени ситуации на јавни тендери приватни фирми добиваат повеќе поени ако составот на работниците е од мешан карактер од расна, кај нас би било по етничка линија. Значи доколку фирмата има повеќе афроамериканци, латиноси тогаш во одреден сегмент на бодувањето добиваат повеќе поени. Никогаш не станало случај да се меша приватниот сектор со директни субвенции, посебно со вработување на одредена заедница. Така да и од тој аспект е крајно невообичаена оваа предлог мерка, вели Даскаловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This