ДАУТИ: Ја повикувам меѓународната заедница да провери што се случува во Основниот кривичен суд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отвореното писмо на Кривичниот суд, во кое судот бара да се истражат заканите на адвокатите од „ТНТ“ кон поротничката со истечен мандат го испровоцира и адвокатот Мерџан Даути, кој ја застапува градежната инспекторка од Гази Баба, Елисавета Најдовска во предметот „ТНТ“.

Во врска со денешното соопштение на Кривичниот суд Скопје Даути истакнува неколку факти и аргументи:

Добро е што Кривичниот суд ги повикува МВР и Обвинителството да го испита притисокот врз судот и судијата поротник но оваа прилика ја користам овие институции да го проверат и законското работење на судот и поранешниот судија – поротник, но и на Судскиот совет на СРМ, но исто така и притисоците кои се прават врз судијата поротник од повеќе страни со цел незаконски да се појавува на рочиштата. Укажувања дека некои работи се незаконски и што се последиците од истото не е никаков притисок напротив заканите кои се вршат на судиите поротници не само во овој процес, а тоа сигурно не е од обраната, е нешто што треба да се занимава МВР и Обвинителството.

Судот не смее и неможе да работи на таканаречени општо познати работи.

Зачудува фактот што судот го цитира Законот за судови но не се повикува на ниту една одредба од истиот. Со цел да се запознае македонската јавност во член 49 од Законот за судови има одредба дека мандатот на поротникот трае фиксно 4 години, и не постои можност истиот да се продолжи со писмо или со барање туку има точно утврдена постапка но истото не важи за поротник со наполнети 60 години. Исто така добро е судот да каже во кој закон има одредба дека Судскиот совет треба да разреши некого на кој му е истечен мандатот. Едноставно судот пробува да прикаже во јавноста лажна слика за реалната состојба поврзана со овој поротник.

Во врска со точка 3 од соопштението на Кривичниот суд, јавно ги повикувам да кажат врз база на која законска одредба може да се продолжи мандатот на судијата – поротник. Такво нешто почитувани не постои и се поставува прашањето како може вакво нешто воопшто да цитирате во вашето соопштение. Во врска со делот за судење во разумен рок сакам да истакнам дека прво ова рочиште не трае 2,5 години туку помалку од 2 годни но исто така судење во разумен рок не треба да го дерогира правото на соодветно време и услови за подготовка на одбраната за пто има и пресуди на ЕСЧП. Исто така начинот на вака закажаните рочишта и времетраењето на рочиштата го повредува правото на еднаквост на оружјата за што исто така има пресуди од страна на ЕСЧП. На крај самиот суд за човекови права во голем број на пресуди има истакнато дека иако е важно да се спроведува постапката доволно брзо, ова не треба да се прави на штета на процедуралните права на една од страните што впрочем судот го прави постојано.

Во однос на кочењето на судските постапки и користењето на Законот за јазици сакам да истакнам дека судот треба да ја информира јавноста дека повеќе рочишта се одложени поради барање на судот и обвинителството (болест, спреченост, случајот Рекет) спооредбено со одбраната. Исто така во врска со користењето на Законот за јазици сакам да истакнам дека тоа е мое Уставно и законско право а тоа што судот нема капацитет истото да го спроведи и прави суштествени повреди на постапката не е моја работа. Законот за адвокатура нема врска со начинот и постапката на водење на судските предмети па би Ве замолил внимателно да го погледнете ЗКП и законот за јазици или да ги прочитате моите поднесоци каде детално е опишано моето право на користење на албанскиот јазик. За оваа повреда во текот на денешниот ден ќе се обратам и до Судскиот совет.

Даути истакнува дека како бранител во постапката е сериозно загрижен околу незаконското постапување на повеќе судски истанци и тоа не само за овој случај и апелира до министерот за правда, до техничкиот премиер, меѓународната заедница и останатите чинители да проанализираат што се случува во Основниот кривичен суд.

Ваквиот начин на постапување на Основниот кривичен суд и Судскиот совет го разбирам како еден вид на политички одлуки, при што сносат товар за попречување на развојот на судските постапки и покрај тоа што ги имаат сите ресурси на располагање. Политичките одлуки во овој процес се диктирани, додека Основниот кривичен суд стана заложник на политиката. Политиката може да ги претстави само своите забелешки, но не да влијае во донесување на судските одлуките, со „узурпација“ на правата и слободите на граѓаните на РСМ, како и со непочитување на закони кои се во сила.

Се надевам дека Одлуките што во иднина ќе се донесуваат од страна од страна на Судот, ќе бидат праведни, заснована врз правда и во согласност со интересите на граѓаните. Остануваме со надеж дека идните одлуки од страна на судот нема да биде под влијание на политика и нивните притисоците и штетна одлука за граѓаните кои живеат во оваа земја.

Со целосна одговорност укажуваме дека ние адвокатите не се спротивставуваме на такви одлуки. Напротив, ние сме тие што сакаме да се почитуваат одлуките на институциите на нашата држава, сакаат да се почитуваат законите на оваа земја. Но, немаме време секојдневно да се справуваме со процес, за нечие задоволство.

На крај сакам да ве информирам а денес тоа го направив и до сите локални и меѓународни институции, дека НИКОГАШ не сум барал да се одлагат рочиштата, напротив, сум бил, и ќе бидам присутен на секое судско рочиште за кое имам уредна покана. Тврдењата дека одбраната ја одолговлекува постапката се груби шпекулации а судот ова го прави со цел да ги покрие своите незаконски постапувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This