Да може да ме зaдaват во Брисел, ќе ме зaдaвea: Европската Унија ќе се pacпадне ако запpe процесот на проширување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“За две, три години сите ќе зборуваат дека доколку Унијата сака да се развива потребен и е овој регион на чело со Србија”, рекол Орбан одговарајќи на критиките на ЕУ на неговите ставови за проширувањето и поддршката која и ја пружа на Србија на европскиот пат.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјавил дека проширувањето на Европската унија би требало да се забрза и порачал дека, ако не се преземат активности кои водат кон проширување, ЕУ ќе тапка во место и на крајот ќе се распадне.

Потсетувајќи дека тој прв во ЕУ кажал дека миграцијата не е добра и дека треба да се спречи и тоа со затворање на границите, Орбан рекол дека тогаш го критикувале, но дека по некое време и другите почнале да го прават истото.

Според неговите зборови, ист е случајот со давањето поддршка на Србија.

“Европската историја не учи дека треба да внимаваме и да не зборуваме прерано, но вистината е дека ако не се изнесат на време факти на кои се засноваат одлуки, тогаш тие одлука нема да бидат реализирани. Делото е поважно од зборовите, но ако не знам да го формулирам тоа што сакам да го направам, тогаш нема да дојде ни до реализација”, рекол Орбан.

Како што вели, во Брисел стопирањето на проширувањето елегантно го нарекуваат заситеност од проширување.

“Меѓутоа, логично е дека ако не прифатат и не ги преземат сите активности кои доаѓаат со проширувањето, ЕУ на тој начин ќе стане нестабилна, границите ќе станат нестабилни, нема да се добијат нови култури и народи, ќе тапка во место и на крај ќе се распадне”, рекол Орбан.

Запрашан да го коментира нападот врз Унгарија и врз него поради неговите ставови по многу прашања, Орбан коментираше дека бил нападнат од Брисел кога изградил ѕидови на границата поради мигрантите.

Да можеа да ме задават во Брисел, ќе ме задавеа одамна. Дури и кога им реков во Брисел дека миграцијата мора да се запре, а сега другите почнаа да креваат огради и ѕидови заради мигрантите, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This